Си ја убил сопругата па си пукал во глава пред малолетниот син - хорор на Балканот

Уште една голема трагедија ја потресе Србија. 40-годишниот Горан Стревиќ во саботата навечер пред влезот на својата куќа ја убил својата една година помлада сопруга Снежана, а потоа си пресудил самиот на себе пред очите на својот малолетен син.

Засега, како што пренесува српскиот Ало, не се познати мотивите за убиството и самоубиството, но се претпоставува дека причината била љубомора. Снежана работела како медицинска сестра, додека Горан имал продавница за чевли. Во декември минатата година Снежана го напуштила сопругот и се преселила со 16-годишниот син.

- Додека си ги чекаше синовите пред врата во автомобилот, Горан дојде и ја усмрти со пиштол. Потоа, влезе во дворот и си пукаше во главата пред очите на својот син, велат сведоци.

Семејствата на починатите се во шок и не можат да дојдат на себе по големата загуба.

 

30.06.2014 - 09:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега