Вистински хорор во Босилеград- маж ја масакрирал сопругата

Голема  трагедија се случи во село кај Босилеград.

 

Ване Цонев (51), по кратка но жестока расправија, со нож неколкупати ја прободел својата сопруга 38-годишната Наташа.

 

Според сведоштвото на соседите, жената со тешки повреди е пренесена во болница, но потоа починала.

Соседите велат дека Ване и Наташа често се расправале, но дека вчера било најстрашно.

 

Тие постојано слушале дерење и викање, но она што последно го чуле било страшно.

 

-Околу 8 часот наутро се слушна страшен врисок, веројатно во моментот која Ване прв пат ја прободел сопругата. Кога ја чувме Наташа на сите ни се заледи крвта. Неможевме да веруваме во овој злочин. Жената премногу крвареше, но беше жива кога ја однесоа од тука, даваше знаци на живот. Ужас, рече една нивна сосетка.

28.06.2014 - 13:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега