Големината на пенисот е важна но само при сексот за една ноќ

Истражувањата покажаа дека жените кои бараат секс за една вечер имаат поразлични преференции кога станува збор за големината на машката „гордост“, во однос на оние кои бараат партнер за врска.

 

Научниците открија дека поголемиот пенис е предност само во случај кога жената бара партнер за секс за една вечер. Меѓутоа, тие исто така отркија дека жените слабо ја проценуваат вистинската големина и речиси секогаш ја предимензионираат реалната големина.

Шенон Лонг, апсолвент по биологија на Универзитетот во Калифорнија, ги претставила откритијата на состанокот на Асоцијација на психијатри во Сан Франциско.

Жените имале прилика да одберат два од 33 модели на пениси одштампани на 3D штампач – еден за партнер со кој би биле во врска, а еден за партнер со кој би имале секс за една ноќ.

Се испоставило дека идеалната должина која жените најчесто ја бирале без оглед на траењето на врската е 12,7 cm. Исто така, докажано е дека на жените им е поважна дебелината, а не должината на машката „гордост“.

28.06.2014 - 12:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега