Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради Ковид-19

Њујорк ќе постави контролни пунктови за карантин на клучните влезови во градот за да обезбеди патници од 35 сојузни држави, каде епидемиолошката состојба е неповолна, да се придржуваат две недели изолирање. Тоа го најави градоначалникот Бил де Блазио.

Властите сакаат да спречат нов бран на инфекција во градот, кој порано беше најголемото жариште на пандемијата во светот.

Додека бројот на заразени падна за пет отсто на ниво на САД, во Оклахома, Монтана, Мисури и 17 други држави, има голем пораст.

– Патниците кои доаѓаат од тие сојузни држави ќе добијат карантински информации и ќе бидат потсетени дека изолацијата е задолжителна, а не прашање на избор, изјкави Де Блазио на прес-конференција, додавајќи дека казните за оние кои ја прекршуваат одредбата за изолација може да бидат и до 10 илјада долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега