Њујорк тајмс: Трамп планира да помилува уште неколкумина осудени криминалци

Помилувањето на Мајкл Флин од страна на Доналд Трамп е увертира во низа од помилувања, кои можат да се случат, како се ближи крајот на владеењето на претдателот на САД, објави денеска Њујорк тајмс.

 

– Политички сојузници и партнери вршат интенизивен притисок за разни помилувања, а претседателот продолжува да ја заобиколува правдата со прекинување на долгите затворски казни на низа злосторници, пишува весникот.

Трамп претходно го помилува Роџер Стоун, негов долгогодишен близок соработник.

Весникот наведува дека покрај Флин, кого помилувањето му ги исчисти црните дамки од досијето – вина за лажање на Федералното биро за истраги. Неговото ослободување дава надеж на низа од баратели на помилувања кои можат да бидат спроведени од претседателот пред да ја напушти Белата куќа.

Њујорк тајмс истакнува дека помилувања може да добијат поранешните советници на изборната кампања на Трамп, Рик Гејтс и Џорџ Пападопулос. Исто како Флин, тие беа осудени во случаите изнесени по истрагата на специјалниот обвинител Робарт Малер за вмешаноста на Русија во изборите на САД во 2016 година.

Повикувајќи се на адвокати и лица блиски на Белата куќа весникот наведува дека Трамп би можел да го искористи својот авторитет и за случаи надвор од истрагата, а поврзани со сторен тежок криминал, како на пример случајот со Грег Линдберг, бизнисмен милијардер од Северна Каролина, осуден на седум години затвор поради поткуп на владини официјални лица и корупција,.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега