Ниту маски, ниту дистанца: - насобрани граѓани гпред Основен суд 2 поради надоместокот за трето дете

Без никаков ред, на влезот на Основниот суд Скопје 2 претпладнево има премногу граѓани кои не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот - држење дистанца, носење лична заштита и дезинфекција пред влезот во судската установа, објави Слободен печат.

Од Судот во изјава за „Слободен печат“ велат дека гужвите се поради прибавување документи за надоместок за трето дете.

„Кај нас во моментов, меѓу останатото, доаѓаат странки поради прибавување документи за надоместок за трето дете. Во таа постапка се издава и судски документ дека не е одземено родителското право на одредено лице  оттаму се создава целиот метеж.  Во објектот на судот се запазени сите протоколи и заштитни мерки, на влезот се мери и температура и има поставено дезинфициенси, но и покрај сите мерки кои ги преземаме за да нема групирање и пред објектот на судот дел од граѓаните истите не ги почитуваат.

Поставивме и метални обрачи за да се канализираат сите странки со растојание, протоколите се огласени на секој чекор, а судската полиција и службениците од судот, како внатре, така и надвор апелираат да се почитуваат мерките, но тука запираат нашите надлежности и понатаму се останува на совеста на граѓаните“, велат од Судот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега