Ниту една фирма не се пријавила да ја руши дивоградбата кај ТВ. „Мавровка“

Ниту една фирма не се пријави на отворениот повик на Општина Чаир за рушење на диовоградбата во трговскиот центар „Мавровка“, објави ТВ24.

Оттаму велат дека веднаш ќе биде отворен нов јавен повик, со истите критериуми.

Нелегалниот објект пред ТЦ „Мавровка“ останува и понатаму да стои, иако градоначалникот Висар Ганиу најави дека доколку по дадениот рок непознатиот инвеститор сам не го сруши објектот, неговото уривање ќе го направи општината. 

Од Општината не разјаснуваат што ќе се случи доколку и по следниот повик не се појави фирма која ќе се пријави, кој и како ќе ја сруши дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“, која никна на местото на опожареното кафуле „Фонтана“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега