Ниту ДУИ не ги коментира објавите дека се пред договор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Ниту ДУИ не ги коментира објавите на медиумите на албански јазик дека партијата е пред договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање на новото парламентарно мнозинство.

Партискиот портарол, Бујар Османи за „360 Степени“ испратил краток одговор.

-Немам коментар, е одговорот на Османи за порталот по објавите на дел од медиумите.

Медиумите на албански јазик вечерва јавија дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се пред договор за ново парламентарно мнозинство и оти сегашната опозиција прифатила премиер Албанец. Единствена задача за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски била да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев да прифати премиер Албанец.

Меѓутоа, Плусинфо јавува дека двете партии се пред договор за ротирачки премиер.

Како што пишува порталот, опцијата за премиерската позиција која сега е на маса е една година, од август годинава до август следната година, премиерот да го даде ДУИ, а потоа три години премиерот да биде од ВМРО-ДПМНЕ.

На тој начин двете партии би оствариле значајни придобивки. Интегративците би го оствариле изборното ветување, а ВМРО-ДПМНЕ би добиле премиер што ќе ја води владата во следните три изборни циклуси, на локалните, на претседателските и на следните парламентарни избори.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега