Нинџа пред судот: На 27. април ми ѕвонеа за масажа и за диетата со која слабеев

Александар Василевски - Нинџа неколку часа и до детали направи анализа на целото обвинение против него, како и за листата на телефонски повици на 27 април. 

Тој пред судиите истакна дека добивал повици за масажа, за диетата со која слабеел, а си звонел и сам на себе, како што рече, најверојатно, мобилниот од едниот џеб му звонел на оној што му бил во другиот џеб, пренесе МКД.МК.

Нинџа рече дека не се спогодил со обвинителката Вилма Рускоска, туку соработувале. На судиите им порача дека може да ја прашаат обвинителката која е присутна во судница, и таа да потврди. 

Ја спомена и неговата ќерка која не ја видел со емотивен глас.

- „Стојам исправен пред вас и прифаќам одговорност ако утврдите дека ја имам. Овде сум за да се утврди вистината. Бегав поради здравјето на мојата ќерка, која ја чекав повеќе од 9 години. Потоа сам се пријавив во полиција", рече Нинџа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега