Нилски коњи позитивни на коронавирус

Два ниски коња во зоолошката градина во Антверпен во Белгија тестирани се позитивно на коронавирус што би можело да биде прв случај кај овој вид животни.

Нилскиот коњ Имани стар 14 години и 41 годишниот Хермиен немаат никави симптоми освен течење на носот, но зоолошката градина одлучила да ги стави во карантин поради претпазливост.

-Колку што знам ова е првпат да се случи кај ваков вид. Ширум светот, овој вирус е пријавен кај големите мајмуни и мачки, изјавил ветеринарот на зоолошката Францис Веркамен.

Од почеток на пандемијата забележано е дека домашните миленици заболувале од вирусот по контакт со сопствениците.

05.12.2021 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега