Николовски: Заедно со студентите ги подобруваме условите за живеење во Студентските домови

Пред околу десетина дена се реновираше блок во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, каква е состојбата, колку легла и колку е прилагодено на стандарди за живеење, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше Дарио Николовски, директор на Студентските домови.

-Јавноста е свесна дека од најболните точки беа студентските денови. Пред десетина дена ги отворивме двата блока – В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Добивме комплетно реновирани и реконструирани повеќе од 600 легла. Тука не застануваме. Свесни сме за состојбата во која што се наоѓаат студентските домови. веднаш започнавме со следниот проект, а тоа е реновирање и реконструкција на зградите кои беа во најлоша состојба – зградите 1 и 2 во „Стив Наумов“. Се грижиме и за дворните површини. После повеќе од 40 години, скоро сите домови кои што се под наша јурисдикција, каде што се „Кузман Јосифовски – Питу“, „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ и „Невена Георгиева – Дуња“ почнуваат да ги уредуваме парковите со комплетна нова содржина- вели Николовски.

Тој напоменува дека целосно се отворени кон студентите, работат со нив за сите овие работи да ги стават во друг правец.

-Можеби работите не се менуваат со посакуваното темпо но најважно е што тие почнаа да се менуваат и имаме резултати. Продолжуваме и понатаму, бидејќи се што работиме работиме за студентите-рече Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега