Николовски: Ставањето во група со Албанија е најлошото нешто што можеше да ни се случи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, прогнозира дека Македонија би можела да отпочне преговори со ЕУ за една до две години од сега. Според него од ЕУ не доаѓаат позитивни сигнали во пресрет на Самитот во Брисел. Тој вели дека одлуката за почеток на преговори ќе се префрли за следната година.

-Поверојатно е дека нема да има никаков датум. Причини има многу. Не е само до Франција, туку тука се и неколку држави од ЕУ. Второ, владата на Заев не даде аргумент овие држави да се залагаат за поддршка на Македонија, напротив даде аргументи да ја напаѓаат затоа што со афери како Рекет и корупција која стига до највисоко ниво не може да очекувате да добиете датум за преговори. Вториот момент е ставањето на Македонија е ставена во иста група со Албанија која е држава со најлош имиџ во Европа. Ставањето на Македонија заедно со Албанија е нешто на што ние преупредувме април минатата година и е најлоша работа што може да и се случи на Македонија. Заради овие две работи немаме датум – рече Николоски во гостувањето на дневникот на телевизија Алфа .

Тој соопшти дека во разговор со министер за надворешни работи и европски прашања од една од четирите водечки држави членки на ЕУ му било кажано дека раздвојување не доаѓа во предвид зошто доколку дојде до раздвојување ќе има вето за двете држави.

-Причината зошто нема раздвојување е затоа што чувството на големите држави е дека во Македонија нема доволно реформи и дека за жал Македонија е на исто ниско ниво со Албанија на Еди Рама – потенцираше Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега