Николовски: Среќна нова 2021, СДСМ е тука за вас, за народот, за татковината

Зад нас ја оставаме годината којашто го донесе најсериозниот предизвик со кој светот се соочил во последните децении. Година на глобална пандемија од коронавирус, кој целосно ги промени нашите животи, нашето секојдневие. 2020 година долго ќе ни остане во сеќавањата. Како се боревме со вирусот, но и како успеавме да одговориме на сите предизвици, здравствени и економски. Пред се како луѓе, а потоа и како држава, како општествен систем.

Ова во новогодишно видео обраќање го истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Според него, како држава имавме навремен, соодветен, системски одговор на сите здравствени и економски предизвици.

-Како народ, покажавме зрелост и одговорност, со почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот. Во борбата со смртоносниот вирус, дел од нас загубија блиски и драги луѓе. Сочувствуваме со нив. Тешкото време ја поттикна солидарноста, човечката грижа, заедништвото и одговорноста. Се потсетивме колку е важно меѓусебното помагање, колку значат односите со своите најблиски. Уште еднаш, од срце им благодарам на сите кои неуморно се бореа и се уште се во првите линии во борбата против вирусот. Здравствените лица, лекарите, медицински сестри, но и полицајците, војниците, инспекторите. Тие се нашите херои, тие ја имаат целата наша почит, рече Николовски.

Вели е добро што македонските институции одговориле брзо и соодветно уште од самиот старт на кризата.

-Со серија мерки и политики, со економски пакети вредни над 1 милијарда евра, ги зачувавме работните места, ги помогнавме граѓаните, фирмите, економијата. И во време на сериозна криза, платите, пензиите продолжија да растат, породлжи растот на инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, и тоа во секоја општина. Тоа значи сме создале функционална држава која е тука, за народот, секогаш кога му е потребна. Тоа е наш заеднички успех, на СДСМ, на народот, на сите нас. Покрај сите предизвици, оваа 2020 година успеавме да оствариме и многу важна стратешка цел поставена уште од независноста: станавме 30 членка на НАТО алијасаната! За нас Македонците,  особено е важно што успеаме да влеземе во НАТО со сочуван идентитет,  како Македонци кои говорат македонски јазик. Започна и процесот на прочистување на судството. Напредокот продолжи на сите нивоа, вели Николовски.

Сппоред него, пред нас се нови предизвици, но и нова надеж, дека 2021 ќе биде подобра година.

-Претстои масовната вакцинација против коронавирусот за конечно, сите заедно, да ставиме крај на оваа пандемија. Преку стратешката „Акција 21“ европските стандарди ги носиме дома. Да. Македонската иднина е европска и продолжуваме по тој пат. Се посветуваме на позитивна трансформација на сите клучни сегменти во нашето општество. Правда и целосно прочистување на судството, борба против корупција и криминал, поголема транспарентност, се приоритетни цели во следната година. Следува целосен рестарт на македонската економија за повисок економски раст, за поголем животен стандард за сите. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е тука за Вас, со сиот свој потенцијал. Ние сме тука за вас и за нашата татковина, да и служиме и да ја чуваме. Да празнуваме одговорно за време на празниците, да ги почитуваме препораките и во новата година да влеземе со нова енергија. Да создаваме повеќе и да се радуваме повеќе. Ви посакувам добро здравје! Ви посакувам среќна и успешна 2021 година, рече Николовски во новогодишната честитка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2021 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега