Николовски: Следната година ќе произведеме двојно повеќе сончоглед, околу 10 000 тони

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски догодина очекува двојно зголемено производство на сончоглед или околу 10 000 тони.

-Следната година ќе имаме зголемено производство. Ако годинава беа откупени 5000 тони сончоглед за производство за масло за јадење, очекувам догодина тоа да биде дуплирано и да изнесува околу 10 000 тони. Тоа го потврдуваат и земјоделците и преработувачите, рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Националниот план за производство на храна, потсети министерот, e донесен за да се искористат сите капацитети и потенцијали, за сите ресурси да се стават во функција на зголемување на производството.

-Верувам дека ќе успееме на среден и на долг рок да го намалиме увозот и да станеме увозно независни, а наредната година очекувам зголемено производство, истакна Николовски.

17.05.2022 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега