Николовски: СДСМ е пример за модерна, европска партија

Целото раководство на СДСМ  е постојано и секојдневно на терен и покажуваме дека му служиме на народот и на граѓаните што е наша клучна, приоритетна и единствена обврска преку работата и преку институциите којшто ги водиме и позиците којшто ги имаме, рече денеска во Битола Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

– Навистина секој еден функционер треба да е сервис на граѓаните и затоа продолжуваме со нашата агенда на посети и средби низ целата наша татковина. Но, она што исто така е значајно заокружуваме еден битен и значаен процес за што денеска повторно во Битола ќе се сретнеме и во Општинската организација, а тоа е реевиденцијата односно ажурирањето на целокупното членство на партијата. Минатата сабота од Струмица соопштив дека завршивме со оваа постапка, ги посетивме и разговаравме со сите наши членови. Денеска во Битола ми е драго и чест да кажам дека овде во Битола е најголемото социјалдемократско семејство. Очекувам над 6.000 членови на партијата да бидат ажурирани, кои го потврдуваат своето членство, застануваат зад политиките зад програмата и зад ваков модерен и развиен СДСМ – рече Николовски.

Тој додаде дека СДСМ испраќа порака дека победува, но и се менува.

 

- На 10 март ќе го одржиме нашиот следен состанок на Центарлниот одбор по што ќе започне и постапката за евидентирање на предлози и кандидати за членови во највисоките органи на партијата.  На 21 март ќе ги имаме првите непосредни внатрепартиски избори. Тоа е врв на демократијата во една политичка партија, изборот на претседател да биде од страна на секој член којшто има право да гласа. Во Битола ќе имаме повеќе избирачки места и над 5.000 членови на партијата што веќе се регистрирани да гласаат. До денеска 5.222 членови на СДСМ во Битола пријавиле учество на непосредните избори на 21 март и како што кажав ќе следи постапка за кандидирање на најквалитетните, најспособните, најкапацитетните кадри за членови на Централниот, на Извршниот одбор на партијата, на Надзорниот одбор. И секако дека започнуваат и нашите подготовки за локланите избори – рече Николовски.

 
 
Тој додаде дека „СДСМ ваков модерен, отворен, дигитализиран , близок до граѓаните е фаворит на изборите и на централно ниво, но СДСМ е сериозен и убедлив фаворит за победа и во општина Битола којашто е исклучително битна“ и затоа верува во победа во октомври.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа