Николовски: Нема повеќе да се кријат докази и предмети ниту пак има недопирливи функционери-ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите

Ако сите институции се поврзат, ако има постапки и ако покажеме цврста волја за решавање на случаите, без разлика за кого станува збор… кога ќе ги врземе сите, кога ќе нема можност за сокривање на предметите и документите, тоа значи дека решаваме крупен проблем и така ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите. Да имаме едно општество со ред дисиплина и одговорност.“- изјави Љупчо Николовски, вицепрмиер за борба против корупција, во интервјуто на вестите на телевизија Канал 5.

Дополни дека ќе биде отворен кол центар за пријавување на случаи со корупција за да може државата заедно со граѓаните да направи фронт во борбата против криминалот.

 

„Да ги охрабриме граѓаните да пријавуваат корупција. Секаде каде ќе детектираме критични точки да интервенираме и граѓаните мора да пријавуваат за да ги јакнеме институцииите и заеднички преку кампања, преку серија мерки и алатки да докажеме дека сме цврсто определени против борбата со корупцијата.“- изјави Николовски.

Тој потенцираше и дека нема недопирливи функционери и дека транспарентноста ќе оди до најниско ново.

„Имавме серија на разрешувања на функционери, кои се однесувале спротивно на кодексот, и затоа велиме нема недопирливи, нашата транапратност оди до најниско ниво. Даваме задолжение на општините задолжително да објавуваат одреден тип на документи, 22 вкупно, ако сакаат да добијат финанска помош за проекти. Едноставно, да не се кријат информациите од граѓаните. Спремаме низа одлуки за кратење на службените трошоци, на дискреционите права на одредени функционери и тоа не го правиме само декларативно, туку носиме одлуки што ќе се применат за да ја ограничиме моќта и да имаме чесни и одговорни политичари.“- изјави Љупчо Николовски.

Дополни дека ќе биде отворен кол центар за пријавување на случаи со корупција за да може државата заедно со граѓаните да направи фронт во борбата против криминалот.

 

„Да ги охрабриме граѓаните да пријавуваат корупција. Секаде каде ќе детектираме критични точки да интервенираме и граѓаните мора да пријавуваат за да ги јакнеме институцииите и заеднички преку кампања, преку серија мерки и алатки да докажеме дека сме цврсто определени против борбата со корупцијата.“- изјави Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа