Николовски најави окрупнување на парламентарното мнозинство

Ова мнозинство и договорот што е постигнат е темел на она што треба да го одработиме во наредниот 4 годишен мандат и сметам дека мнозинството ќе се окрупнува и дека за клучни политики ќе имаме поддршка од плус пратеници, истакна вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5.

Вели дека како и досега со пратеници ќе разговараат и за гласање на клучни закони.

-Сметам дека кај неколку пратеници има целосно разбирање во позицијата дека даваат поддршка на овој евроатлантски пат на оваа влада, граѓаните на 15 јули одбраа да продолжи патот на интергација во Европската унија, а кажаа „не“ на националистичките политика на враќањето назад и на ова дефокусирање на ВМРО-ДПМНЕ, за што тие ја платија цената на изборите. Немаа јасен став за ниту едно клучно прашање, ни за НАТО, ни за ЕУ, ни за договорите со соседите и за крупните одлуки и навистина не знам како ќе се правдаат сега и пред граѓаните и пред сите генерации за тоа што немаа чисти позиции, рече Николовски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега