Николовски на ТВ Стар: Избори ќе има со заштита на здравјето на гласачите, СДСМ ќе победи во Штип

„СДСМ има огромно водство, ние водиме на сите анкети пред локалните избори во Штип и затоа ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се плашат од пораз. Ние имаме кадар за подобар живот, за поквалитетен живот, не само за Штип, туку за сите градови. Изборите ќе се одржат, а Сашко Николов е идниот градоначалник на Штип. Овие избори ќе бидат според сите стандарди, протоколи и заштитни мерки, здравјето на граѓаните ќе биде заштитено, и навистина не постои реална причина изборите да се одложат. “ рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, во интервјуто за телевизија Стар.
 
Тој потсети дека во изминатите неколку месеци Мицкоски постојано измислува причини само да не се соочи со граѓаните на избори оти секои нови избори за него значат пораз и оддалечување од претседателската функција во партијата.

 

„Ние имавме серија на измислување причини на Мицкоски како да нема избори, како да нема лидерски средби. Граѓаните повеќе не веруваат во капацитетот на Мицкоски за сите следни избори и затоа се неопходни промени во таа партија. Очекувам демократски и фер избори, со целосна заштита на здравјето на гласачите, како во Штип, така  и во Пласница. Опозицијата стана пример за неодговорно однесување, а ние покажавме дека знаеме да организираме избори, како што беа парламентарните пред неколку месеци.“ порача Николовски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2020 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега