Николовски: Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека леб, брашно, млеко и зејтин ќе има.
-Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на прес-конференција откако претходно информира дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции.
Николовски информира и дека на денешната седница која е во тек, Владата ја усвои новата Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година.
27.09.2022 - 15:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа