Николовски ќе бара оставка од Димова по скандалот со европските пари

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски во гостувањето на ТВ 21 истакна дека ќе бара оставка од директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова.

-Директорката Лидија Димова смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. рече Николовски.

Ова доаѓа откако Димова на прес-конференција која ја одржа заедно со сопственикот на ВЕЗ Трејд Зоран Златковски истакна дека нема намера да се повлече од функцијата.

Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина...

Posted by Ljupcho Nikolovski on Thursday, 15 October 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега