Николовски: Го победив Заев на домашен терен, ВМРО-ДПМНЕ победи во 4 ИЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборната единица 4 денеска преку видео порака им се заблагодари на сите својот глас го дадоа за Коалицијата „Обнова“.

Особено би сакал да се заблагодарам на преку 75 илјади жители на четвртата Изборна Единица кои што го подржаа бројот 14 и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е највисок резултат за ВМРО-ДПМНЕ од сите шест изборни единици. Јас сум благодарен за вашата поддршка, исто така ВМРО-ДПМНЕ е благодарно за вашата поддршка. Од вкупно 19 општини во четвртата Изборна Единица, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини, а во две општини беше нерешено. Да го немаше масовниот поткуп и притисоците и уцените коие што се случија, ќе победевме и во останатите општини. За жал вчерашниот ден, како и целата кампања, беше пример како функционира власта на Зоран Заев, масовен поткуп, притисоци, уцени и закани, вели Николовски.

Според него, двајца градоначалници од редовите на СДСМ биле фатени како вршат поткуп, а бројни други активисти и функционери на СДСМ го правеле истото.

-Го повикувам Обвинителството и надлежните органи, да реагираат и да ги расчистат овие инциденти затоа што овие инциденти го нарушија демократскиот процес на изразување на слободната волја на граѓаните. И покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини во четвртата изборна единица. Зоран Заев не успеа да победи дома, Зоран Заев не успеа да победи во четвртата изборна единица. И затоа со сите пријатели, со сите подржувачи во четвртата изборна единица ќе продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата во Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за младите да ги зачуваме во Македонија, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на тутунот, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на земјоделските производи, ќе продолжиме да се бориме против зелената мафија и ќе продолжиме да се бориме за економската благосостојба на четворката, рече Николовски.

Николовски: Го победив Заев на домашен терен, ВМРО-ДПМНЕ победи во 4 ИЕ

Posted by Press24.mk on Thursday, 16 July 2020

16.07.2020 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа