Николовски до Заев: Ако Мијалков бил во Скопје, во која куќа или стан бил и зошто нема претрес на станот

Ако ја прифатиме логиката на државата дека Сашо Мијалков бил во Скопје, логично прашање е каде бил во градов, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од собраниската гоорница на денешната седница за пратенички прашања.

– Како претседателот на владата ја координирал акцијата за обезбедување на бегалецот од правдата, а во исто време бегалецот од правдата кажа дека имал 40 температура и дека два дена бил во изолација, па самиот се пријавил. Според тоа што го кажува владата, бегалецот бил цело време во Скопје и се криел, а според информации што дојдоа до нас, тој бил надвор од државата и потоа се вратил во Македонија. Ако ја прифатиме тезата дека бегалецот бил во Скопје, се поставува прашањето каде бил во Скопје, односно каде престојувал. Па прашањето кое го поставува целокупната македонска јавност е каде бил доколку бил во Скопје, дали куќата или станот е лоциран и зошто не е извршен претрес на истиот. А доколку не бил во државата, како се вратил назад, дали нелегално се врати бидејќи дека нелегално ја напуштил земјата и што правеле пограничните органи на државата – рече Николоски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега