Николов: Менаџери на јавните здравствени институции, не влегувајте во криминалните шеми на Филипче и Заев

Додека се обидуваат да ја анимираат и манипулираат јавноста со датум за вакцини, надлежните продолжуваат и понатаму со проекти и договори со кои штетно го демонтираат и приватизираат јавното здравство во Македонија. Наместо реорганизарање на здравствениот систем за да одговори соодветно на корона пандемијата, Филипче и Заев ставиле акцент на демонтирање и распродажба на јавното здравство. Оттука, јасно е зошто нема вакцини, фокусот им е кон демонтирање на јавното здравство, изјави на денешната прес конференција Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

– Што направи Владата во сегментот на стерилизацијата? Најдоа компанија која ќе ја врши стерилизацијата во јавните здравствени установи ширум државава, на директорите им доставија модел договор за потпишување. Или директорите ги ставија пред свршен чин.
Јавно ги прашуваме организациските и медицинските директори:
Дали со договорот кој што ве тераат да го потпишете и ве уценуваат, за да си ги зачувате работните места, буџетот кој се троши за стерилизација во јавните здравствени установи ќе биде 10 пати поголем од оној што се троши до сега? Кои се предностите од овој договор за стерилизација, има ли воопшто предности? Ги знаете ли деталите на договорот? На годишно ниво за една болница во Македонија тоа би изгледало отприлика вака. Доколку таа во 2020 година трошела три милиони и двесте илјади денари, според новиот договор истата болница ќе троши 76 милиони денари годишно. Можеби најважен дел, од ова криминално јавно-приватно партнерство, е што Фондот за здравствено осигурување, предвидено е да одобрува условен буџет за секоја јавна здравствена установа. Со истиот ексклузивно ќе се плаќаат услугите на приватниот партнер. Со ова практично ќе му се овозможува редовна и непречена наплата на приватниот партнер, но, не и на останатите компании. Со ова останатите економски оператори кои испорачуваат стоки и услуги за клиниките, се ставаат во подредена и крајно неповолна положба, истакна тој.

Николов апрелира до менаџерите на јавните здравствени установи да не ги потпишуваат овие договори, без притоа, до детаљ да бидат запознаени што добиваат со истите.

– Ќе дојде време на одговорност, и одговорноста ќе остане за тие што ги потпишале договорите. Едноставно е, не влегувајте во криминалните активности на Владата предводена од Зоран Заев, посочи тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега