Николов: Ако нема избори во Штип ќе влеземе во институционална криза

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои треба да се одржат на 13 декември оваа година.

-Живееме во време на пандемија која што уште не знаеме колку ќе трае. Ако нема избори ќе влеземе во една институционална криза, што не смееме да си го дозволиме. Во однос на ставот на опозицијата и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нив им сметаше пандемијата за да нема вонредни парламентарни избори, па беа против вонредната состојба, па збореа дека ќе одат на избори, за најново дека нема да одат. Тоа е еден анемичен став, без визија. Прават опструкција, деструктивни се, се со цел од пандемија и здравствена да влеземе во една општествена криза, изјави во Утрински брифинг кандидатот за градоначланик на Штип од редовите на СДСМ, Сашко Николов.

Говорејќи за изборната програма Николов вели дека има простор за унапредување на живеењето во градот и дека ефективноста, продуктивноста и експедитивноста ќе бидат приоритети за штипјани да го почувствуваат благодетот на нивниот град.

-Бев советник во општина Штип така што јас сум запознаен со нејзиното работење. Имаме луѓе кои што можат и тоа како добро да работат. Секогаш бројот на луѓе е или преголем или премал за оној што ќе ја води институцијата, но ние мора да знаеме дека треба да направме ред и диспилнина во институциите, вели Николов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа