Николоски во Ватикан на средба со Кардиналот Паролини

Во рамки на својата работна посета на Рим и Ватикан, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше дел од делегацијата на Центристичката Демократска Интернационала ( ЦДИ) која имаше прием во Ватикан.

Притоа ја посети црквата Св. Петар, а имаше и аудиенција кај Кардиналот Пијетро Паролони Државен Секретар на Ватикан.

Со Кардиланот Паролини кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Николоски разговараше за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан-домкратска орентација и Ватикан, беа потврдени односите на највисоко ниво.

„Во свет кој е нападнат од левичарскиот поглед на светот, задржувањето на традиционалното семејство, слободата на економијата, борбата со пороците на модерниот свет се приоритет“, беше заклучено на средбата.

Николоски истотака ги поздрави напорите на Кардиналот Паролини и Папата Франциско за соработка и блиски односи со православната црква. Николоски се заблагодари за посетата на Македонија и побара Ватикан во своите можности да се залози за признавање на Македонската православна црква.

„Во однос на Македонија и ВМРО ДПМНЕ Николоски ги нагласи одличните односи со Ватикан кои датираат уште од формирањето на ВМРО во 1893, битката за независна црква како и улогата на македонскиот национален херој Гоце Делчев. Во рамки на посетата на Ватикан и средбата со Кардиналот Паролини Државен Секретар на Ватикан Николоски информираше и за состојбите во Македонија, потфрлањето на Владата на сите полиња особено во делот на растечката корупција, назадувањето на економијата, нарушениот систем на владеење на правото. Николоски ја истакна потребата од брзи предвремени избори по кои стручен тим на ВМРО ДПМНЕ би ја водел Владата и би ја отворил перспективата на Македонија за брз економско раст и стабилен политички систем со силна борба против корупцијата“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ за текот на средбата.

Граѓаните не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев, смета Николоски, и Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега