Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи целосна дигитализација на македонското општество за период од 4 години

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборна единица 4, Александар Николоски денеска е во посета на Струмица и струмичко. Како што најави, попладне ќе има средба со граѓани во централното градско подрачје на Струмица како и во околните населби, ќе оди во Банско, во Куклиш, а вечерта ќе ја заврши со трибина посветена на меѓународната политика заедно со младите луѓе од Струмица.

„ Причината зошто се наоѓаме токму во оваа населба Цветан Димов е затоа што сакаме да потенцираме на кој начин за жал градот не се развива, имаме други ветувања во изминатиот период, многу луѓе ни се пожалија дека инфраструктурно не им се решени проблемите, дека се уште нема донесено детален урбанистички план, ниту се соодветно решени инфраструктурните прашања како што е изградба на улици, канализации, одвод итн.

Сакаме да апелираме тоа да се реши во следниот период, а ќе се заложи владата на ВМРО-ДПМНЕ после 15 јули во соработка со општината тука за овие прашања да бидат надминати. Втора тема која што сакам да ја отворам денес имајќи во предвид дека веќе сме сериозно влезени во вториот дел од кампањата и имаме едно стабилно, убедливо водство во четвртата изборна единица од некаде 4 до 5 процентни поени разлика и сум убеден дека е извесна победата на 15 јули би сакал да презентирам дел од работите кои што ќе ги направиме во следниот период а не се спомнати.

За мене најзначајниот, најбитниот проект кој што ќе го обележи четири годишниот мандат 2020 – 2024 година е целосна дигитализација на македонското општество кое што треба да овозможи неколку работи. Прво силен удар на корупцијата затоа што преку 500 услуги кои во моментот се добиваат од разни државни институции и зависат од човечки фактор ќе бидат целосно дигитализирани за да се тргне човечкиот фактор од истите и да нема дискреционо одлучување на било кого.

Второ поврзано со дигитализацијата е комплетна дигитализација на основното и средното образование, со цел младите, новите генерации да фатат чекор со најмодерните светски држави и да можат да бидат конкурентни на европскиот и на светскиот пазар. Третата работа поврзана со дигитализацијата е во делот на владеење на правото каде што се има јасни стандарди и процедури со цел да запрат овие пракси со кои одредени процеси се влечат со години, одредени судии забораваат да свикаат рочишта, што одредени поротници одат во пензија итн итн.

Значи стрикни и јасни процедури и четвртата работа секојдневното живеење на луѓето односно олеснување на целокупната постапка и начин на функционирање. Ова е најголемиот проект кој што планираме да го спроведеме во следните четири години кои што ќе овозможи на луѓето полесен живот, на бројни млади луѓе да најдат работа тука во Македонија особено оние кои што се занимаваат со ИТ, со информатички науки имаат образование во тој дел.

Ќе стимулираме и помагаме доедукација и дообука за сите млади кои што ќе сакаат да се пренасочат во овој сектор, обуките ќе бидат бесплатни, односно ќе ги плаќа државата се со цел да имаме што поконкурентен број на млади луѓе кои што можат да се занимаваат со оваа работа.

И втората работа исклучителна значајна поврзана со екологијата. За жал Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија. Тоа е така од неколку причини, прво од начинот на греење на огрев, и второ начинот на загревање на оранжериите тука во струмичко, за жал се користи огромна дрвна маса а дрвата се најголем производител на ПМ 5 и ПМ10 честички.

Планираме да спроведеме масовни проекти во екологијата конкретно тука во Струмица и струмичко, овозможување на топла вода, односно топла вода да стигне до секоја нива и до секоја оранжерија каде што за таа работа има можност. Понатаму секоја година 20 милиони евра, за четири години 80 милиони евра во делот на наводнување каде што ќе се возобноват постојни каналски мрежи, ќе се изградат нови каналски мрежи и ќе се градат акумулации и таа вода ќе може дел да се користи за наводнување, но дел исто така ќе може да се користи и за загревање во комбинација со сончевата енергија.

Третата работа е целосна гасификација вклучително и најбитно и за струмичкото поле за истата да се одбегне греењето со дрво. И сето ова заедно треба да не донесе во една ситуација за четири години Струмица да е далеку почиста и помалку загадена од ова што е сега. Ова се двете крупни работи за кои што сакав да позборувам и за кое што ќе зборуваме со струмичани“ порача Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега