Изградба на колектор и станица за пречистување на отпадните води во Трпејца најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Тој денеска беше таму заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид и кандидат за нов мандат, Кирил Пецаков. 

„Го решаваме деценискиот проблем со отпадните води во Трпејца. Владата преку Министерството за транспорт инвестира над 1 милион евра за изградба на колектор и станица за пречистување на отпадните води – за подобра животна средина, за чисто езеро. Драго ми е што во Охрид ќе имаме локална власт која со градоначалникот Кирил Пецаков ќе го продолжиме растот и просперитет на Охрид и охриѓани“, вели Николоски.

Според него, доаѓа време на нови проекти и на убави работи во Охрид.

Exit mobile version