Николоски: Веќе се договорени три странски инвестиции

Мојата порака е јасна и едноставна, а тоа е дека владата мора да помогне на стопанството, кое за жал во моментот не го прави. Недозволиво е Еленица на Заеви да добива државна помош во услови кога прави милионски профити секоја година, а фирми кои што вработуваат илјадници луѓе да размислуваат дали да ги задржат или да не ги задржат. За три години оваа власт на СДСМ не донесе ниту една странска инвестиција, а ниту ги помагаат домашните, има потенцијал да затвораат и постојни инвестиции, рече Александар Николоски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4.

„Видов дека Зоран Заев пробувал да го спинува и да го врти тоа, но многу е едноставно - Заев немал намера да носи странски инвестиции во Македонија затоа што видовме дека не носи. Исто така овие три години странските инвестиции се напаѓани, имаше разни прилози и од СДСМ и од блиски на СДСМ како се условите лоши за работа, како се даваат ниски плати... Мислам дека е тоа не е фер однос кон странските инвеститори, тие треба да се помагаат. Она што можам да го кажам е дека после победата на 15-ти јули на ВМРО-ДПМНЕ ние ќе ги помагаме и странските и домашните инвеститори за да се створи еден втор инвестициски циклус. Веќе имаме договорено три странски инвестиции кои што ќе дојдат во Македонија“, рече Николоски.

Тој истакна дека е потребен и силен удар на зелената мафија.

„Таа зелена мафија опстојува 30 години во Република Македонија и мора да се удри директно во чело и да се стави крај на истата. Затоа што не може грозјето да е 12 денари килограм секоја година, а цените секоја година да растат или не може краставиците да се 5 денари килограм, за 100 евра да заработите треба 1.000 килограми да ги одгледувате, и да не ги бројам сите останати производи кои се произведуваат. Во делот на националното достоинство, апсолутно ставање на крај на овие понижувачки политики на Македонија и бришење на сѐ што е македонско, преговори за историјата нема, преговори за Гоце Делчев нема, преговори за  македонскиот јазик нема“, истакна Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа