Николоски: Седум пратеници од власта не го поддржаа Димитров, направен е првиот чекор за уривање на оваа власт
Седум пратеници од власта не го поддржаа Никола Димитров, Ова е првиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ за уривање на оваа власт, изјави Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ Канал 5.
„Клучното прашање кое мислам дека треба да се постави по вчерашната интерпелација е зошто седум пратеници од власта не гласаа за Никола Димитров. Тој доби амо 55 гласови од владејачкото мнозинство, а власта ја сочинуваат 62 пратеници“, изјави Николоски.
04.02.2021 - 20:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа