Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска изврши увид во расчистувањето на патните правци кај Скудриње, Маврово и Косоврасти. Тој упати јавна благодарност до тимовите на „Македонија пат“ кои деноноќно работат за да обезбедат нормален проток на сообраќајот среде обилните снежни врнежи.
„Би сакал да честитам на прекрасниот тим на Македонија пат, на овие вредни луѓе кои ги одржуваат чисти патиштата. Ставени се во функција сите камиони, а помагаат и ангажираните приватни компании“, истакна Николоски, нагласувајќи дека на ниво на цела држава сообраќајот се одвива без застои.

