Благодарам на присуството, се надевам дека ќе имаме еден мирен изборен ден во којшто граѓаните ќе можат да го искажат својот избор, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. До сега изборниот ден се одвива добро, мирно, без инциденти. Додадена вредност во нашиот изборен систем е што Државната изборна комисија секогаш е водена од опозицијата и тоа дава дополнителна сигурност и дополнителна гаранција за фер и демократски избори. Се надевам дека Државната изборна комисија предводена од Борис Кондарко, којшто е предлог на СДСМ, ќе успее да спроведе фер и демократски избори, дека граѓаните ќе можат да го искажат својот став на еден мирен и демократски начин. Сметам дека имавме една добра кампања во којашто ги претставивме нашите позиции, и зошто сметаме дека нашите кандидати се најдобри и треба да се направи вистинскиот избор, и очекувам денеска да граѓаните тоа го потврдат, истакна Николоски. Очекувам една голема, извесна победа и на ниво на држава и тука во Прилеп. И очекувам најголем дел од победите да бидат во првиот круг и очекувам во Прилеп, исто така, да имаме победа во првиот круг, додаде тој.
Актуелно
- ЕУ целосно солидарна со Данска по изјавата на американскиот претставник за Гренланд
- Две балкански земји се погодени од одлуката на Трамп да отпушти 30 дипломати од нивните амбасадорски места
- Работен состанок на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија со челниците на ФИБА-Европа
- По нападот во западна Украина: Полјаците ги кренаа авионите – редарскиот систем во висока готовност
- Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа
- Печалбарите се враќат дома за празниците – за два дена над 30 000 влегле само на Табановце
- Сакаат да инвестираат во Македонија: Муцунски најави нова фаза во економските односи со ОАЕ
- Лидерот на Северна Кореја и ќерка му отвараа хотели: „Многу сме напредни“

