Николоски: Ненабавувањето на вакцини во Македонија ја покажува суштината на неспособното владеење на Зоран Заев

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание, вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија истакна дека она што се случува со вакцините во Македонија е резултат на неспособноста на Зоран Заев и власта, каде луѓето продаваат станови и куќи за да се лечат приватно, здравството е хаос, луѓето умираат заради неспособноста на Зоран Заев да набави вакцини за народот.

За жал ова што се случува со вакцините во Македонија само покажува колку функционерите на СДСМ во власта се големи неработници и колку е неспособна власта, за жал цената на неспособноста на Зоран Заев ја плаќаат граѓаните со човечки животи, неспособноста чини човечки животи, затоа што немањето на превенција од коронавирусот, значи секој ден изгубени животи, потенцираше Николоски.

Тој објасни дека оние кои се болни од коронавирусот немаат соодветен третман и немаат каде да се обратат затоа што немаат соодветна терапија за да користат.

Се остава на матичните лекари кои се борат и сакам да им дадам на признание, но истите немаат насоки од соодветни институции, дополнително не се знае за оние кои се болни дали и кога треба да се хоспитализираат, а паралелно на тоа приватните болници прават едно „воено“ профитерство затоа што одат со исклучително скапи цени, а луѓето во паника гледајќи го хаосот настанат од Филипче во здравството, буквално продаваат станови и куќи за да можат да платат лекување во приватна болница и плаќаат енормни цени кои никој не ги контролира, појасни Николоски.

Николоски објасни дека врвот на пирамидата на неспособност се вакцините, каде во услови кога цел регион се вакцинира првото за кое власта се оправдувала беше дека се вакцинираат само земји членки на Европската унија, но во регионот почна вакцинација во Албанија, а во Србија веќе масовно се вакцинира, како и во Турција, а тие не се членки на ЕУ.

Србија во овој момент е втора во Европа, и седма во светот, а Македонија е последна затоа што воопшто нема почнато со вакцини, овие кои се на власт кај нас кои беа „обожувани“ и „способни“ во светот и му се подсмеваа на претседателот на Србија Александар Вучиќ,  кој бил неспособен и изолиран, е сега тој неспособниот и изолиран е во моментов седми во светот, а Заев „способниот“ и интернационалниот е последен во светот затоа што само во Македонија нема вакцини, вели Николоски.

Николоски праша каде му се сега на Заев тие големите пријателства и контакти за да набави вакцини, за да може да се спаси народот, на колку директори на производители на вакцини се јавил Заев да ги замоли да направат договори за вакцини? Дали Заев посетил некого во последниве месеци дали станува збор за држава каде се произведуваат вакцини или фармацевтска компанија, нема мрднато од Струмица или Скопје, односно нема посетено никој, зошто го лажат македонскиот народ ? - праша Николоски.

 

Ова на дневна основа значи губење на човечки животи, што ја покажува суштината на неспособното владеење, а ваква комбинација на вакви бандити ниту ќе имало, ниту ќе има, да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе бираа какви вакцини да примаат, а немаше да се тера бизнис со веледрогериите како што тоа го прави власта – вели Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега