Николоски: Не сум среќен што Македонија не доби датум за преговори

Не сум среќен што Македонија не доби датум за преговори, но ова е ден во кој што мораме да бараме решение да одиме понатаму. Ние политичарите не треба да бидеме емотивни, за разлика од граѓаните кои се емотивни по прашањето за недобивање датум. СДСМ се занимаваат со нас, тврдејќи дека ни е мило и дека се радуваме за недобивањето датум, а не е така. ВМРО ДПМНЕ е токму таа што беше пофалена од надвор, за нашата конструктивност и соработка. Сега сакаат да не покажат дека ние се ситиме на недобивањето датум –  рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во „Само интервју“.

Македонија изгуби година и половина, бидејќи владата не спроведува реформи. Таа прави се, освен реформи, поради што ова е тотален дебакл на политиките на Зоран Заев. Нас куртоазни изјави од типот дека сме испорачале реформи, но дека ЕУ не сака да се проширува,  не ни помагаат. Факт е дека државата не оди напред и нема реформи. Земјава да испорачаше реформи, ќе добиевме датум – рече Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега