На Канал 5 телевизија во „Само Интервју“ вечерва гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски кој истакна дека со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во туризмот се бележи раст од 20%, како и со обезбедување на 21 нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром.

„20% раст имаме на туризмот од изборот на оваа Влада. Ние правиме многу во делот на привлекување на туристи, за само една година обезбедивме 21 нова дестинација кон скопскиот и охридскиот аеродром, Аустриан ќе лета редовно Виена-Охрид, што дополнително ќе го поврза градот со цела Европа“, рече Николоски. 

Николоски се осврна и на капацитетите за сместување на туристи.

„Хотелските комплекси кои ги имаме во Македонија со исклучок на неколку објекти во Скопје, се од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. За да се изгради еден хотел, потребно е да се донесе цел детален урбанистички план. Мислам дека мнозинството е тивко и мнозинството ова го поддржува и мора да ја олесниме процедурата. За изградба на хотели не за апартмански комплекси, не за апартмани за продавање, исклучиво за хотели тоа е таканаречена Б5 категорија и дури еве можеме да се договориме, тоа да може да се прави за инвестиција којашто ќе е над Х вредност“, кажа Николоски.

Exit mobile version