Николоски: Македонија во јануари може датум за скијање да се добие, а не за почеток на преговори!

„Македонија, за жал, нема да почне преговори во декември и нема да почне преговори. Смешна работа е коментарот на Димитров дека можеби во јануари. Целата ЕУ во јануари е на одмор, а може датум за скијање да се добие, а не за почеток на преговори. Се знае кога може да се носат одлуки. Има можност во декември, март и јуни. Се друго е лажење на народот. Убеден сум дека Македонија во декември нема да почне преговори, што ќе го разбие последниот меур за останување на Зоран Заев на власт“, ијзави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на емисијата „Клик Плус“ , потенцирајќи дека Бугарија е сериозен проблем, но најголем проблем е тоа што работите не функционираат во Македонија.

18.11.2021 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега