Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, Ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот “ Риштази”.

-Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на последните две децении на 20 век, 80-тите и 90-тите години и првата деценија на 21 век, така што еднo 30 години речиси никакви инвестиции во патната инфраструктура не донесе во ситуација каква што не донесе. Први големи инвестиции почнаа да се случуваат таму некаде 2013-2014 година, па после имаше одредени застои, се обидуваме како влада повторно да ги задвижиме. Ние работиме на многу фронтови, истакна вицепремиерот Николоски.

Работиме на многу фронтови. Речиси го завршивме источното крило на Коридор 8, сега интензивно работиме и на изградба на нови автопати на западното крило на Коридор 8, вели вицепремиерот Николоски во поткастот “ Риштази”

-Имено од Страцин до Крива Паланка се изгради експресен пат, изградивме и рехабилитиравме обиколница на Крива Паланка и граничниот премин со Бугарија, сега одиме на втора фаза на проширување на граниќниот премин. Со ЕУ ќе го работиме потегот од Куманово до Страцин. На западното крило веќе интензивно работиме на Тетово-Гостивар. Без разлика што беше потпишан овој договор пред оваа Влада да биде избрана, реалните градежни активности на терен започнаа со изборот на оваа Влада. Работиме исто така на Гостивар до Букојчани, популарната Стража, исто така почнаа активностите со оваа Влада. Тоа е најтежок терен, практично планините се совладуваат таму. При крај сме на евалуација со Европската банка за обнова и развој за уште еден автопат. Тој автопат е од Букојчани до Кичево. Така што тоа ќе биде комплетно нов автопат, кој ќе го започнеме. И од таму веќе е Кичево-Охрид кој интензивно се работи. Веќе 37 километри пуштивме, остануваат уште 20 да ги завршиме до крајот на годината. При крај сме исто така на евалуација и на избор на изведувач за Скопје-Блаце, исто така со Европската банка за обнова и развој, истакна вицепремиерот Николоски.

Exit mobile version