Имаме стабилен партнер во Владата со кој работиме коректно и така ќе продолжиме да функционираме во следниот период, изјави вицепремиерот Александар Николоски во интервју во поткастот “Риштази”

“Ние имаме партнер во Владата и јасно е кој е партнерот во Владата. Ние не сме луѓе кои работат позади грб, зборувам за себе, за премиерот и за најтесниот тим во ВМРО-ДПМНЕ и никогаш нема никому да работиме позади грб. Имаме чесен однос со нашиот партнер Влен, коректна соработка и тоа ќе остане така” вели вицепремиерот Николоски.

На прашањето дали ќе имаат соработка со новата партија на Зијадин Села, вицепремиерот Николоски истакна дека таквата опција не е можна и потврди дека коалицијата со Влен е стабилна.  

Exit mobile version