Николоски: Филипче и Заев се обидоа да набават вакцини по дупло поголема цена од фирма која тргнува со банани

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија, во врска со спорната набавка на вакцини истакна дека докази има како и тоа дека Заев и Филипче се обиделе да набават вакцини по дупла цена преку фантом фирма која тргува со бабани и портокали, корупција има, а тоа Македонија ја чинеше илјадници животи.

-Аферата „Стабри“ значи изгубени неколку илјади човечки животи во Македонија и значи десетици илјади новозаболени, го велам ова затоа што се обидувале да земат провизии, за што има докази, вели Николоски.

Власта односно Зоран Заев и Венко Филипче не набавија на време вакцини, затоа што се обидоа да земат провизии, додека земјите уште есента се бореа да набават вакцини Венко и Заев прво возеа мотори, па хеликоптери, потоа не го сменија законот во Собрание за да единствен начин за набавка на вакцините да биде преку веледрогерија, па фаворизираа одредени веледрогерии, па кога сите производители во светот им кажаа дека или ќе набавите директно како држава или нема вакцини, па дури тогаш го сменија законот во Собранието, но се изгуби периодот од септември кога сите почнаа да набавуваат до јануари, па веќе беа купени вакцините од други земји, а во меѓу време се договарале за провизии, и во јавноста одекна аферата Стабри, објасни Николоски.

Тој вели дека италијанскиот весник Ла Верита изнел податоци во јавноста дека МЗ упатило писмо до Синофарм дека го овластува Стабри како посредник, а фирмата е оф шор, фантом фирма, регистрирана во Хонг Конг за трговија со јужноамериканско овошје, односно тргува со банани и портокали и лимони.

На тоа Венко Филипче рече дека исплата немало за 12 ипол милиони долари, со која една вакцина ќе се набавувала за 62 долари, за веќе на 16-ти февруари Венко Филипче да исплати 66% од договорот во вредност од 7 милиони и 800 илјади долари, точно 62 ипол долари за вакцина, вели Николоски.

Тој смета дека кога кинезите гледаат што се сака да направи, а јавно се достапни цените на Синофарм вакцините на интернет, го блокираат процесот затоа што не сакаат да бидат во корупциски скандал.

За ова ќе се одговара – истакна Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега