Николоски до Спасовски: Дали ќе ги сопрете насилниците кои се еден вид платена војска на бегалецот од правдата и тепаат луѓе низ Скопје?

 

На денешната собраниска седница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во пратенички прашања до Владата го праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, дали тој знае и чул за насилници кои хараат низ градот и тепаат луѓе.

Дали министерот ќе направи нешто за да ги сопре овие бандити кои според некои информации се знае дека се некој вид на платена војска на бегалецот од правдата, односно Сашо Мијалков.

-Едно прашање за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, дали тој знае дека во градот Скопје хара една банда и колку што знам, рече Николоски до сега има претепано четири луѓе, од кој еден е новинар.

-Сите тие имаат една заедничка точка а тоа е што не се во добри односи со бегалецот од правдата. Дали ќе се охрабри Министерството за внатрешни работи да ги открие овие луѓе, и да одговараат за претепувањето на тие четири лица. Дали овие бандити ќе бидат сопрени затоа што тие претставуваат еден вид на платена војска на бегалецот. Еве и да помогнам малце, сите знаат цело Скопје знае дека тие насилници се од Автокоманда, рече Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега