Никола Митевски Кољо: Нема да бегам, бидејќи сам се пријавив

Обвинетиот Никола Митевски Кољо беше осуден на 15 години затвор за настаните на 27. април. Од обраќањето на Кољо се сфати дека тој не е задоволен што добил казна од 15 години, а Нинџа, иако не го именуваше добил 8 години затвор. Кољо рече и дека претходно посочил дека нема да се жали на пресудата, бидејќи верувал во судијката Добрила Кацарска, но сега се предомисли.

– Нема да бегам и доколку Апелација ми ја потврди затворската казна. Не барам да ми се укине притворот бидејќи сам се пријавив и двата пати. За едно исто кривично дело, за еден шамар и скршена врата добив 12 месеци притвор, а други се амнестирани. Реков и дека нема да се жалам на пресудата бидејќи верувам во вас, но за исто кривично дело некој да добие 15 години, а некој под законскиот минимум, зошто на обвинителството му одговараше што зборува, е на тоа ќе се жалам, рече Митевски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега