Екс премиерот Никола Груевски на социјалните мрежи го честиташе празникот 23 октомври.

„Честит 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.

Тогаш во 1893 година, по повеќе меѓусебни дискусии и сондирање на теренот е донесена одлука од шестмина храбри визионери и интелектуалци за основање на македонска револуционерна организација. Тоа е време кога Македонија е многу сиромашна и обесправена провинција на османсликата империја и средиште на борбата на пропагандите на соседните земји кои веќе или имаат статус на силна автономија блиска до независност, или се веќе независни држави.

Вечно да се слави празникот низ годините, децениите и столетијата пред нас во една слободна, суверена, економски силна и успешна Македонија која секогаш ќе го наоѓа својот пат до успехот низ предизвиците кои ќе ги донесе иднината“, напиша Груевски на ФБ. .

Exit mobile version