Никола Ѓурѓај: Македонците не се Бугари, тие со бугарски пасоши се бројат на прсти

 

Во Албанија нема Бугари, Европскиот Парламент врши груб фалсификат на историјата, Претседателот на Македонското друштво, „Илинден“ од Тирана, едно од движењата за правата на Македонците во Албанија, Никола Ѓурѓај, во интервју за Прес24, најавува засилен ангажман на Македонците во одбрана на своето достоинство и основни човекови права.

-Уште еднаш сакам да го потврдам ставот дека во регионите што тие ги спомнуват Голо Брдo, Мала Преспа, Гора има не значени број на луѓе што земале бугарски пасоши. Тие се бројат на прсти. Ние сме категорични и ги отфрлуваме сите обиди на бугарските претставници во Европскиот Парламент дека во Албанија живат Бугари. Јас лично никогаш немам сретнато лица со бугарско потекло во Албанија. Цела ова хајка од бугарската држава по активно е почната кога Бугарија влезе во Европската Унија, пред тоа немаше такви активности. Поединци Македонци од Албанија за подобар живот побарале бугарски пасоши од економски причини, за да можат да одат во земјите членки на Европска Унија за работа. Еве еден факт ќе посочам. Дали имало, пред Бугарија да влезе Европската Унија какво било барање за бугарско државјанство? И колкава била бројката? Од тоа ќе процените дека Бугари во Албанија нема, вели Ѓурѓај за Прес24.

Тој посочува дека Македонија како држава треба посериозно да се зафати со заштита на правата на Македонците во Албанија. Вели дека е апсурдно тоа што наместо заштита на Македонците, Македонија води политичка хајка против градоначалникот на Пустец, Еднонд Темелко.

- Апсурд е процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Татковината Република Македонија треба да ги поддржуава активностите на Македонците во Албанија, а не да ги деградира преставниците што се борат за правата на Македонците во Албанија. Тој процес е политички процес и антимакедонски процес, вели Никола Ѓурѓај во интервјуто за Прес24.

 

ПРЕС24: Остри реакции предизвика резолуцијата на ЕП за малцинствата во Албанија. Како Македонците во Албанијанја оценуваат?

ЃУРЃАЈ: Македонците во Република Албанија се огорчени од ваквите ставови на ЕП. Безаргуенти гласат резолуција, без да видат состојбата на терен. Во Голо Брдо , Мала Преспа, Гора нема Бугари како и во цела територија на Република Албанија. Нормално е дека Македонците ќе регират остро и нивните преставници, бидејќи тоа е груб фалсификат на историјата и фактите. Македонско друштво ''Илинден''-Тирана од нејзиното формирање се бори за правата на Македонското национално малциство во Албанија и секој пат ќе рагира остро на таквите скандалозни одлуки и страмни за ЕП.

ПРЕС24: Планирате ли да реагирате и на кој начин?

ЃУРЃАЈ: Македонско друштво ''Илинден''-Тирана ќе рагира со сите демократски срества и со цел капацитет како што праело до сега за одбрана на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво ''Илинден''-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), единство друштво на Македонците во сосетсвото и светот што е рамноправен член и ќе ги користи сите можности што ФУЕН ги дава за заштита на малциствата во Европа. Македонско друштво ''Илинден''-Тирана ќе ги зголеми активностите со ФУЕН како и со други меѓународни иституци и организаци како и со институците во Република Албанија.

ПРЕС24: Бугарските европеатеници како аргумент го користат бугарскиот пасош. Колку Македонци во овие места имаат бугарски пасоши?

ЃУРЃАЈ: Уште еднаш сакам да го потврдам ставот дека во регионите што тие ги спомнуват Голо Брдo, Мала Преспа, Гора има не значени број на луѓе што земале бугарски пасоши. Тие се бројат на прсти. Ние сме категорични и ги отфрлуваме сите обиди на бугарските претставници во Европскиот Парламент дека во Албанија живат Бугари. Јас лично никогаш немам сретнато лица со бугарско потекло во Албанија. Цела ова хајка од бугарската држава по активно е почната кога Бугарија влезе во Европската Унија, пред тоа немаше такви активности. Поединци Македонци од Албанија за подобар живот побарале бугарски пасоши од економски причини, за да можат да одат во земјите членки на Европска Унија за работа. Еве еден факт ќе посочам. Дали имало, пред Бугарија да влезе Европската Унија какво било барање за бугарско државјанство? И колкава била бројката? Од тоа ќе процените дека Бугари во Албанија нема.

ПРЕС24: Статистички колкав е бројот на Македонци во Албанија?

ЃУРЃАЈ: Македонското национално малциство во Република Албанија број 120.000 илјади. Тоа бројка е проценка на Македонските организаци. Тоа бројака може да е и поголема и затоа македонскте организаци барат попис, за да се направи и да се утврди точниот број за да нема шпекулаци. Последниот попис спроведен во Албанија малцистваата го бојкотира. Со спроведен попис со сите стандарти ќе се утврди точната бројка колку се припадници на малциските заедници во Република Албанија.

ПРЕС24: Изминативе години баравте од албанската влада поголеми права. Дали денеска Македонците во Албанија се задоволни од правата што ги имаат како малцинство?

ЃУРЃАЈ: Од 1990 години Македонците во Албанија и нивните организаци во контунитет бараат од албанските институции да се потобрат правата на Македонците. Од 1990 година има подобрување на правата на Македонците, ама се уште не се постигнати тие права што се гарантирани од меѓународните конвенци и меѓународни обрзнички закони што Албанија треба да ги спроведе за малциствата.

ПРЕС24: Очекивате ли помош од Македонија од државата или од партиите за остварување на вашите барања?

ЃУРЃАЈ: Секоја помош е добродојдена од татковината Република Македонија како матична земја и ние очекуваме помош. Македонија како матична земја  треба да води сметка за Македонците во Република Албанија, како што  Албанија води сметка за Албанците во Република Македонија

ПРЕС24: Со кои какви проблеми најчесто се соочуваат Македонците во Албанија?

ЃУРЃАЈ: Најголем проблем на Македонците во Албанија е дека тие не се признати на цела територија. Учењето на Македонскиот јазик како и други проблеми што ги има едно малциство да се вложат напори тоа да се подобри.

ПРЕС24: Не е ли малку парадоксално тоа што македонската држава покрена процес за одговорност за оние кои имаат македонски државјанства и гласаа на изборите во Македонија, а Бугарија со државјанства сака да ги претстави Маледонците како Бугари?

ЃУРЃАЈ: Апсурд е процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Татковината Република Македонија треба да ги поддржуава активностите на Македонците во Албанија, а не да ги деградира преставниците што се борат за правата на Македонците во Албанија.

ПРЕС24: Како кај Македонците во Албанија беше прифатена одлуката за кривично гонење на градоначалникот Темелко?

ЃУРЃАЈ: Македонците во Албанија го осудеја процесот што се води против преседателот на Македонската Алијанса за Европска Интеграција исто време и градонацланик на општина Пустец. Тој процес е политички процес и антимакедонски процес.

ПРЕС24: Кој став го имаат Македонците во Албанија за политичката состојба во Македонија и за платформата на албанските партии?

 

ЃУРЃАЈ: Македонците во Република Албанија поддржуваат стабилна влада и просперитетна татковина Република Македонија. Во исто време и почитување на законите и владењето на правото. Секоја инициатива треба да биде во склоп на законите на  државата. Албанските партии во Македонија треба да баарат во склоп на законите како и ние како Македонци што тоа го бараме во рамки на законите.

 

 

 

19.02.2017 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа