Големата трагедија во која животот го загуби првенецот на Македонската опера и балет, Ристе Велков, продолжува да предизвикува бројни и потресни реакции кај македонските интелектуалци и уметници.

Писателот и јавен деец Крум Велков преку емотивна порака се прости од познатиот баритон, нагласувајќи ја неговата уникатна вокална интерпретација и уметничка големина.

Тој се присети на моќта на изведбите на Велков, ставајќи ги во рамките на најголемите историски оперски имиња во државата.

„Неутешно, но барем еднаш му реков дека по легендарниот Георги Божиков, никој друг не ја беше испеал митската ‘Стар бел дедо’, од која пламтат дамари, како што тоа го направи Ристе.

Сега таму ангели да им ја пејат.

Така возвишено да го паметиме.

Толку убав човек така да замине, колкава трагедија и губиток. Неутешно.

Најдлабоко сочувство до блиските.“, напиша тој.

Exit mobile version