Никој не сака да го вработи: Поради неговото име дури 40 пати бил одбиен од работодавачите

 

 

Индиец, кој по вокација е бродски инженер, има проблеми во барањето работа и тоа само поради своето име.

Имено, ова 25-годишно момче се вика Садам Хусеин.

Досега тој бил одбиен на 40 работни места, иако бил студент со солиден просек. Кога сфатил дека со своето име никогаш нема да најде пристојна рабоота, тој решил да се прекрсти во Сајид, но тогаш наишол на нов проблем – бавноста на процедурите и бирократијата.

ssa

– Луѓето се плашат да ме вработат. Работодавците се плашат од можни проблеми со имиграциската служба, рече тој за „Хиндустан Тајмс“.

Хусеин извадил дури и нов пасош и возачка дозвола со новото име, но сега пак, не може да докаже дека завршил факултет, оти на дипломата го има неговото старо име.

 

 

 

25.05.2018 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега