Никогаш не треба да бидат заедно – Најлошите љубовни парови во хороскопот

Можеби не верувате во хороскоп и во идејата дека тој може да одредува некои работи во вашиот живот, но сепак ѕвездите играат своја улога. Па така, тие освен за добрите љубовни комбинации, имаат да кажат нешто и за најлошите. Според нив, ова се дефинитивно се најлошите љубовни парови во хороскопот.


1. Овен и Јарец

Овните сакаат да ги кршат правилата, додека пак Јарците сакаат да ги создаваат. Овенот постојано ќе се чувствува како да е критикуван. Спонтаноста е дел од личноста на Овенот кој не може, но и не треба да ја запостави, додека Јарецот не може да замине ниту на една обична вечера, а претходно да не резервира место во ресторанот. Двата знака се амбициозни, но Јарецот е работохоличар и е оженет за работата.

2. Близнаци и Скорпија

Овој пар е идеален во играта на заведување, но штом ќе се обидат да дефинираат некои работи, тогаш се создаваат проблеми. Скорпијата бара посветеност и верност, уште од првиот бакнеж, а на Близнаците не им е до опуштено флертување и експериментирање. Заради тоа Скорпиите во ваквата врска може да станат доста параноични и љубоморни.

3. Рак и Стрелец

Веселите и живописни Стрелци влегуваат во вашиот живот и ве протресуваат од глава до пети. Понекогаш токму тоа и ви е потребно, но од друга страна не може секој долгорочно да се носи со нив. Раковите многу сакаат време поминато еден на еден, додека Стрелецот преферира друштво, патувања и забава. Недостатокот на конекција ќе биде болен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега