Никогаш јавно не кажаа, но Доналд и Меланија Трам се вакцинирале против Ковид 19

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија беа вакцинирани против Ковид-19 во јануари, додека сè уште биле во Белата куќа, се дознава од сигурни извори.

За разлика од Џо Бајден, кој беше вакциниран на 21 декември, што беше пренесувано преку телевизија во живо, неколку недели пред да дојде на власт, Трамп никогаш јавно не спомна дека е вакциниран.

„Претседателот Трамп и првата дама беа вакцинирани во Белата куќа во јануари“, изјави извор близок на поранешниот претседател за „Франс прес“, без да даде други детали.

Доналд Трамп, во својот прв говор по напуштањето на Белата куќа, рече дека сите треба да се вакцинираат.

Неговите изјави добија особено значење затоа што некои од неговите симпатизери беа многу сомничави кон вакцината.

Доналд Трамп, кој беше позитивен на Ковид-19 на почетокот на октомври, помина неколку дена во воената болница Валтер Рид во предградието на Вашингтон.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега