Никнува нова фабрика - Германската „Гересхајмер“ инвестира во Скопје

 

Германската компанија „Гересхајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Скопје.

Компанијата соопшти дека ќе почне со градба на фабриката во првата половина на 2019 година, а произведството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија, треба да стратува во средината на наредната година.

– Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите, вели Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Гересхајмер“ АГ.

Повеќе детали за инвестицијата на „Гересхајмер“ АГ попладнево во Владата ќе дадат премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2019 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега