Нијас Китаноски: Кога државата и семејството ќе те доведат до питачки стап

Многумина го препознаваат од крстосницата во автокоманда, но малкумина знаат дека Нијас Китаноски 17 години питачи за да се прехрани, плати закупнина, сам да се издржува и сам да се образува со парите собрани од милостината на возачите, јавува Телма.

Роден и израснат во Кичево заради семејни проблеми го напушта домот и како помлад малолетник на 10 годишна возраст  без никаква помош и грижа расте на скопските улици.

Го минува последниот викенд со покрив над глава. Од понеделник е принуден да си замине од тесната подрумска соба преполна со влага, бидејќи не може со питачење да собере доволно пари за закупнината, храната и сите трошоци за живот.

Завршил средно техничко училиште во Скопје, сака да студира. Неговото здравје е кревко и не може да ги прифати работните позиции каде што се бара физичка сила. Се надева на понуда за работа, бидејќи во тоа го гледа единствениот спас да се тргне од улиците.

За помош до државата се обратил само еднаш.

Китаноски не сака социјална помош. Сака достоинствена работа и покрив над глава како социјално ранлива категорија со закупнина која ќе може финансиски да ја издржи. Зад ведрото лице, насмевката на Китаноски и убавите зборови на социјалните мрежи се крие исплашено момче кое се надева дека бргу ќе стаса понудена рака за помош од институциите и граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега