„Ние не сме криви, ни јас не сум крив што загинале 45 лица“ – потенцира директорот на Инспекторатот за транспорт, Хусеини

Призна дека има пропусти, но не се знае дали ќе си замине од функцијата директорот на Државниот испекторат за транспорт, Руфат Хусеини.

Како што изјави директорот Хусеини во емисијата „24 анализа“, не чувствувал вина за најфаталната автобуска несреќа во последната деценија, во која загинаа 45 лица од Македонија.

„Нема ние што да одговориме зошто не сме го контрирале овој автобус, ние не можеме да ги контролираме сите автобуси. Немаме толку инспектори и за тоа сме алармирале. Мислите ли дека да имаше извод од лиценца, немаше да се случи трагедијата? Контролата не можеме да ја правиме 24 часа на граничните премини. „Беса транс” се меѓународни превозници, а ние во фирмите влегуваме еднаш во 2 години. Има 2.000 фирми, а ние имаме 13 инспектори. Не можеме да вршиме надзор на 2.000 компанија со 13 инспектори. Сто пати сме кажале во секоја годишна програма и ништо не е сторено. И на Министерот за транспорт и врски и на Министерство за финансии сме им побарале кадри, ама ништо“, изјави Хусеини во дебата на ТВ 24.

Директорот Хусеини негира дека имал било какви релации со „Беса транс“.

-Не знам дали ќе дадам оставка. Ние не сме криви, ни јас не сум крив што загинале 45 лица. Инспекторатот функционира толку колку што има можности, кажа Хусеини.

24.11.2021 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега