Ни венчавка, ни крштевка немав три години - Свештеникот бара отштета од таткото на Боки13

Свештеникот Виктор Стојчев најави дека ќе бара отштета од Миле Јовановски, таткото на Боки 13, кој денес беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот.

За ,,Фокус” тој појаснува дека се решил да бара отштета од Јовановски во граѓанска постапка, бидејќи цели три години, по нападот, луѓето биле убедени дека тој е тепачот, па не му доаѓале во црквата ниту за венчавки, ниту за крштевки.

-За отштетата, верувам дека има стручни лица кои ќе пресметаат и земат во предвид дека свештеничката работа зависи од угледот и честа. Во последните три години немав ниту една крштевка или венчавка, црквата ми беше празна, бидејќи по нападот до ден денешен јас бев тепачот. Па така, за македонски услови таа отштета би била далеку пониска од вообичаената пракса. Но, најважно од се е што злосторниците го признаа злосторот, а никаква материјална отштета не може да ми го врати угледот и здравјето – вели Стојчев, кој не прецизираше колкава би била сумата која што ќе ја бара од Јовановски.

Таткото на Боки13 на минатото рочиште призна вина и сега доби 6 месеци затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега